Прочитано 1248 пати 0 коментари
First category (entire audience)

За боксери како Чисора и Хеј нема место во спортот

Боксот повторно е на насловните страници на весниците, на најавните шпици на телевизиите и спорт за кој сите зборуваат, но не по добро. За тоа најзаслужни се Дерек Чисора и Дејвид Хеј, а по малку и Виталиј Кличко. Тепачката помеѓу Чисора и Хеј на прес-конференцијата по саботниот меч на Британецот и Кличко, ги помина сите граници на спортско однесување. Британскиот боксер се соочува со доживотна суспензија од професионалниот бокс поради неговото непримерно однесување за време на боксерскиот викенд во Минхен.
 
Британецот најпрвин го привлече вниманието на јавноста откако во петокот на мерењето му удри шлаканица на Виталиј Кличко. Пред почетокот на борбата во саботата, Чисора повторно ја покажа својата уличарска страна, откако го плукна в лице братот на Виталиј Кличко, Владимир. По борбата веќе на сите им е јасно што се случи. „Чисора би можел да ја загуби лиценцата за натпреварување“, изјави Роберт Смит, генералниот секретар на Британската боксерска федерација. „Бордот има многу овластувања. Може да казнува, да суспендира и да повлече нечија лиценца. Но, не би требало да брзаме. Да одиме чекор по чекор, па ќе видиме“, додаде Смит.
 
Дејвид Хеј не би можел да се соочи со никаква суспензија, бидејќи официјално се пензионираше во октомври 2011 година. Доколку некогаш реши повторно да му се врати на боксот сигурно нема да добие лиценца да се натпреварува од страна на Боксерската федерација на Велика Британија. Сепак, тој би можел да одговара кривично за предизвикување тепачка, а германската полиција сè уште не може да го пронајде, па побарала помош од „Скотланд Јард“. Низ медиумите се појавија многу шпекулации дека тепачката помеѓу Хеј и Чисора била само маркетиншки трик за повторно да се привлече внимание кон боксот. Без разлика дали скандалот е наместен или не, Чисора ќе ја плати цената на дивјачкото однесување и сите вербални закани што ги упати кон Дејвид Хеј.
 
 
 
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

наша препорака

Фудбалер на неделата

Фоторепортажа

Видеопотсетник