На денешната средба помеѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и прволигашките клубови била донесена одлука да се одложи стартот на пролетниот дел од фудбалската сезона за една недела. Првенството наместо на 4 март ќе започне една недела подоцна. Дури девет екипи од прволигашкото друштво побарале одложување на првенството поради тоа што проблем им правел снегот, кој инаку престана да врне од пред една недела. Само Вардар и Турново биле против овој предлог, а свој преставник на состанокот немала екипата на Напредок. Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, ги предупредил претседателите на клубовите дека во случај на дополнително влошување на временските услови нема да има ново пролонгирање поради пополнетост на термините.
Ова само покажува и потврдува во каква состојба се наоѓа македонскиот фудбал. По овие обилни врнежи од снег терените на стадионите сигурно се во катастрофална состојба (не дека и претходно беа идеални). Очигледно на никој не му текнало да го покрие теренот, ниту пак да го исчисти снегот. Ете колку ни е сериозна Првата лига и колку ни е важен фудбалот, кога не можеме да одржиме и една тревна површина како што треба. Временските услови веќе една недела се идеални (барем за овој зимски период), но очигледно ќе треба да го почекаме мартовското сонце за да гледаме прволигашки фудбал. А што ако повторно падне снег?
Повеќе содржини од денеска -
ТУКАТекстот не е лекториран.