Микрорепортер
Спорт
Beta
сабота, 19 мај 2012, Година III
Прочитано 29639 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Ласерите повторно се вратија во мода

Не помина многу време од бараж-натпреварот помеѓу Босна и Португалија, за веќе изминатиов викенд светењето со ласерите по играчите да стане вистински тренд ширум стадионите во светот. За потсетување, за време на својот престој во Зеница, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо беше постојано „осветлуван“ од несовесните гледачи на трибините, како за време на тренингот, така и на официјалната средба. Неговите бурни реакции, поплаки и жалби на таквиот некоректен однос, не само што не наидоа на разбирање, туку беа поттик за фудбалските фанови ширум светот да ја обноват веќе позната, но малку подзаборавена „шема“. Така, изминатиов период речиси и да немаше натпревар на ТВ-екраните од најсилните европски првенства, а притоа во даден момент да не подвикнеме „еј, и овде светат со ласер!“

Можеби повторно целата „ујдурма“ почна на ова наше балканско поднебје, но не сме ние, Балканците, единствените „мајтапчии“. Покуси за збиднувањата на „Билино Поље“ не останаа ниту португалските навивачи, кои на реваншот во Лисабон со иста мера му возвратија на босанскиот голман Беговиќ. Којзнае, можеби доколку и за идното светско првенство по третпат се сретнат во баражот, револтираните симпатизери ќе фрлаат по играчите со популарно наречените и заразни „клик-клак“. Дотогаш останува да гледаме „ласерски“ фудбал во Примера, Бундес, Серија А, како и Премиерлигата, имајќи предвид дека трендот продолжи и на саботното дерби помеѓу Валенсија и Реал, каде што главната мета пак беше Роналдо.

Сепак, општ впечаток е дека симпатично траги-комичните Босанци не измислија „топла вода“. Ласерите ги имало и порано, а ќе ги гледаме и во иднина. Меѓутоа, секоја интересна досетка на навивачите е возбудлива за гладења само во својата премиерна изведба. Сите копирани репризи ја губат иницијалната „магија“ и со текот на времето стануваат вишок. Оттука, навистина е бесмислено да се чека да му „пукне филмот“ на Мишел Платини, па УЕФА да почне да казнува за таквите сцени, за на некои конечно да им стане јасно дека „тоа е сè народе“, бидејќи забавата заврши!
 
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Zip Travel maj2012
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

наша препорака

Фудбалер на неделата

Фоторепортажа

Видеопотсетник