Екипата на Манчестер Сити вечерва пред своите гледачи славеше убедлива победа од 4-0 против Порто во реванш натпреварот од шеснаестинафиналето на Лигата на Европа. „Граѓаните“ само ја потврдија победата од 2-1 од првиот натпревар во Португалија и покажаа дека сезонава се решени да одат до крај во второто по ранг европско натпреварување. Серхио Агеро уште во 19-тата секунда од натпреварот ги сруши сите надежи на гостите за одбрана на трофејот од лани. Един Џеко зголеми на 2-0 во 76-тата минута, а работата на Сити му ја олесна Роландо, кој заработи втор жолт картон една минута подоцна. Победата ја потврдија Давид Силва и Давид Пизаро во последните десет минути од натпреварот. Останатите реванш натпревари од Лигата на Европа се играат утре.
Повеќе содржини од денеска -
ТУКА.
Текстот не е лекториран.