Велат дека голманите од светска класа бранат невозможни удари. Кога другите ја гледаат топката во голот, елитните чувари на мрежата гледаат предизвик. Младиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа во досегашниот дел од сезоната не се прослави во Премиерлигата по летниот трансфер од 19 милиони фунти од Атлетико Мадрид. Дека Фергусон не потроши за џабе огромна сума на пари, Шпанецот покажа на неделното дерби против Челзи, кога во последните минути од дуелот на Мата му одбрани фантастичен слободен удар. Мотивирани и инспирирани од оваа одбрана, интернет страницата „
101 одлични голови“ направи топ листа на најдобрите голмански одбрани оваа сеозона. Одбраните се хронолошки подредени, а вие одлучете која е најдобрата.
1. Тим Крул (Њукасл) против Сканторп (2-1, 25 август, 2011 година)
2. Виктор Валдес (Барселона) против Вилјареал (5-0, 29 август, 2011 година)
3. Војчех Шчесни (Арсенал) против Сандерленд (2-1, 16 октомври, 2011 година)
4. Али Ал Хабси (Виган) против Вулфс (1-3, 6 ноември, 2011 година)
5. Икер Касилјас (Реал Мадрид) против Севилја (6-2, 19 ноември, 2011 година)
6. Џанлуиџи Буфон (Јувентус) против Рома (1-1, 12 декември, 2011 година)
7. Давид де Геа (Манчестер Јунајтед) против Челзи (3-3, 5 февруари, 2012 година)
Повеќе содржини од денеска -
ТУКА
Текстот не е лекториран.