Прочитано 1451 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Пет причини зошто Боаш мора да си замине од Челзи

По синоќешниот пораз на Челзи од 3-1 на гостувањето кај Наполи, во рамките на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, Роман Абрамович сигурно се кае што порано не го отпушти Андре Вилаш-Боаш. Вечниот сон за освојување на шампионската лига очигледно нема да му стане јаве на рускиот милијардер и оваа година. Шансите на Челзи не се загубени, но значително се намалени. Само пласман во четвртфиналето и елиминација на Наполи го спасува Андре Вилаш-Боаш. Еве зошто Португалецот мора да добие отказ уште пред реваншот.

1. Лошите резултати
Прво и основно мерило за тоа колку е успешен еден тренер се резултатите. Во моментов резултатите на Челзи под водство на Андре Вилаш-Боаш не се ни блиску до амбициите на клубот. „Сините“ моментално се наоѓаат на петтото место во Премиерлигата со 43 бода и дури 17 помалку во однос на лидерот Сити. Тимот е без победа на последните четири натпревари во Премиерлигата, а она што покажува колку е неконкурентен сезонава е фактот што има само една дерби-победа и тоа против Манчестер Сити.

2. Челзи оди кон сезона без трофеј
Просечните игри во Премиерлигата, елиминацијата во купот Карлинг од Ливерпул, потоа ремито со Бирмингам на свој терен во ФА купот и на крајот поразот од Наполи во Лигата на шампионите јасно покажуваат во кој правец се движи тимот. А тоа е сезона без трофеј и можеби без пласман во Лигата на шампионите идната година.

3. Менаџерот ја загуби контролата во соблекувалната
Општо е познато дека тренер без авторитет не е тренер, а Андре Вилаш-Боаш очигледно нема никакво влијание врз ѕвездите на Челзи. Денеска беа објавени неколку изјави на Ешли Кол и Френк Лампард кои јавно ги доведоа во прашање тактичките замисли на Португалецот, што јасно покажува дека фудбалерите не се зад својот менаџер.

4. Неискуство
Андре Вилаш-Боаш можеби имаше импресивен престој на кормилото на Порто, но Челзи е сосем поинаква приказна. Иако работи како тренер од 19 години, Португалецот го нема потребното искуство да тренира големи ѕвезди од типот на Дрогба, Тери, Лампард и другите. Португалската лига не е Премиерлигата, Лигата на Европа не е Лигата на шампионите. Во дуелите со неговите поискусни и постари колеги буквално беше надигран на тактички план.

5. Лоша тактика и игра без игра
Португалецот воопшто не успеа да ја копира ланската игра на Порто во Челзи. Течната игра и убиствените брзи противнапади беа главната карактеристика на неговата фудбалска филозофија. Одбраната на Порто ретко потклекнуваше и речиси беше совршена. Додека во Челзи речиси не функционира ниту една позиција како што треба. Може да се каже дека единствено Чех е светла фигура во играта на тимот, иако и тој имаше лоши моменти, најмногу поради грешките на одбраната. Средниот ред е некреативен и речиси никогаш не ја контролира играта, а нападот е оставен на индивидуалната инспирација на Дрогба, Стариџ или Мата. Синоќешниот натпревар против Наполи даде вистинска слика за играта на Челзи.

Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
50%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
50%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

наша препорака

Фудбалер на неделата

Фоторепортажа

Видеопотсетник