Прочитано 379 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Продолжува агонијата на Интер. Базел го шокираше Баерн

Возбудлива вечер во Лигата на шампионите во која доминираа аутсајдерите. Базел и Олимпик Марсеј можеби се аутсајдери во осминафиналните дуели со Баерн Минхен и Интер, но на првите натпревари на домашен терен успеаја да стекнат минимална предност од 1-0. Серијата порази на „нераѕурите“ вечерва продолжи и во најквалитетното европско клупско натпреварување. Андре Ајев со гол во 93-тата минута му донесе огромна радост на „Велодром“, а големо разочарување на Интер. Базел вечерва на својот стадион „Сент Јакоб“ покажа дека неслучајно го испрати Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа. Стрелец на единствениот гол за швајцарскиот тим беше Штокер во 86-тата минута. Реванш натпреварите се играат за две недели.
 
Олимпик Марсеј - Интер 1-0

Базел - Баерн Минхен 1-0
 
Повеќе содржини од денеска - ТУКА
Текстот не е лекториран. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

наша препорака

Фудбалер на неделата

Фоторепортажа

Видеопотсетник