Прочитано 869 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Верувале или не: Банега се прегазил со сопствениот автомобил

Евер Банега е еден од оние фудбалери кои повеќе привлекуваат внимание надвор од теренот отколку што воодушевуваат со игрите на него. Фудбалерот на Валенсија пристигна од Аргентина во 2008 година и во својата прва сезона во дресот на „Ел Че“ не покажа ама баш ништо, но сите го дознаа неговото име поради „приватното“ видео што се појави на Интернет. Денеска Банега е главна вест во Шпанија и некако го засени убедливиот пораз што неговиот тим синоќа го доживеа кај Барселона. Аргентинецот ќе биде надвор од теренитe цели шест месеци поради скрешница на ногата, откако бил прегазен од сопствениот автомобил! Звучи чудно и невистинито, но еве што се случило според соопштението на Валенсија.
 
Банега синоќа со својот автомобил се враќал од индивидуален тренинг (поради повреда на коленото не играше против Барселона) и застанал на бензинска пумпа да наполни гориво. Откако излегол од автомобилот, заборавил да ја крене рачната сопирачка, по што тој тргнал наназад и му го прегазил левото стапало. По лекарските прегледи било утврдено дека Банега има скршеница на тибијата и денеска веднаш ќе му биде извршена операција. Оваа не е првпат еден фудбалер на Валенсија да доживее чудна несреќа. Во 2002 година голманот Сантијаго Кањизарес го пропушти Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Тој скрши неколку коски во стапалото откако на нога му падна стаклено шишенце со лосион по бричење.
 
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

100%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

наша препорака

Фудбалер на неделата

Фоторепортажа

Видеопотсетник