Без Тони Паркер, Мануел Џинобили, Тим Данкан и Тијаго Сплитер, Сан Антонио доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Портланд со 137-97. Серијата од 11 победи по ред на Спарс заврши многу неславно, со највисокиот пораз на тимот во последните 15 години. Последниот пораз со 40 поени разлика или повеќе Сан Антонио го доживеа во 1997 година од Чикаго Булс, кој во тоа време беше предводен од Мајкл Џордан, со 111-69. Тренерот на тимот од Тексас беше принуден да им даде одмор на своите први две ѕвезди, Паркер и Данкан, поради густиот распоред и трите натпревари во последните четири дена. Ако овие двајца отсуствуваа поради одлука на тренерот, Џинобили и Сплитер го пропуштија дебаклот во Портланд поради повреди.
Мајами Хит забележа нова победа, седма по ред, против Сакраменто Кингс со 120-108. Двејн Вејд блескаше со 30 поени и 10 асистенции, додека Бош и Чалмерс постигнаа по 20 поени. Леброн Џејмс по подолго време не беше помеѓу најдобрите тројца стрелци во тимот, бидејќи синоќа постигна само 18 поени. Кливленд Кавалирс дојде до минимална победа од 101-100 против Детроит благодарение на слободните фрлања на Гибсон во последните моменти од натпреварот. Мемфис со 89-76 славеше против Филаделфија, а Индијана го победи Њу Орлеанс со 117-108 по едно продолжение.
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.