НЦАА-лигата или американската кошаркарска колеџ лига е базата од каде што се произведуваат идните НБА-ѕвезди. Меѓу оние што ги чека блескава иднина сигурно е и кошаркарот на Универзитетот „Хемптон“, Дарион Пелум, кој е во главна улога во видеоклипот подолу. Одличниот Пелум на натпреварот против Универзитетот „Мериленд“ успеа да украде една топка и во противнапад самиот да си намести „цепелин“ од таблата, по што силно ја заби топката во кошот. Овој потег често може да се види на егзибициски натпревари, а помалку на лигашки дуели.
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.