Ракометната еуфорија во Македонија по Европското првенство во Србија продолжува со Металург и Лигата на шампионите. Нашиот ракометен шампион веќе ја обезбеди визата за Топ 16 фазата, но до крајот на групната фаза му преостануваат уште три тешки натпревари во борба за што подобар пласман во групата Ц. Следната сабота Металург гостува во Копер, Словенија кај екипата на Цимос, а седум дена подоцна има уште едно тешко гостување кај Висла Плок во Полска. „Металурзите“ последниот натпревар го играат на домашен терен на 26 февруари и тоа на домашен терен против гигантот Хамбург со што и ќе го завршат настапот во групната фаза.
Од скопскиот тим информираат дека поради огромната заинтересираност кај навивачите билетите за овој натпревар, ќе бидат пуштени во продажба уште во понеделник. Билетите можат да се набават во продажните салони на „Tobacco“ и „Together“ во Скопје и низ цела Македонија. Како и на сите претходни натпревари во шампионската лига, така и овој пат, се очекува арената „Борис Трајковски“ повторно да биде исполнета до последното место. Па затоа ако сакате повторно во живо да ги гледате македонските ракометни репрезентативци Миркуловски, браќата Мојсоски, Марковски, Манасков, Алушовски, Јоноски, Димовски, Ангелов и секако фантастичниот Дарко Станиќ обезбедете си билет навреме, бидејќи овој натпревар ќе биде нов ракометен празник во Македонија.
Цените на билетите се следни:
- Блок Б5,Б6,Б7,Б8,Б9,Б10, Б11 и Б15 (горни блокови) ке се продаваат по цена од 60 денари,
- Блок Б2,Б3,Б4,Б12 и Б14 (горни блокови) ке се продаваат по цена од 100 денари,
- Блок М1,М7,М8,М9 и М15 (долни блокови) ке се продаваат по цена од 150 денари,
- Блок М2,М3,М4 и М12 (долни блокови) ке се продаваат по цена од 200 денари.
Повеќе содржини од денеска -
ТУКАТекстот не е лекториран.