Прочитано 1012 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Шок во Металург! Ракчевиќ го повреди коленото

Македонскиот ракометен шампион Металург се соочува со големи проблеми во вториот дел од сезоната, бидејќи на вчерашниот натпревар против Нексе во СЕХА-лигата сериозна повреда заработи Младен Ракчевиќ. Последните информации од тимот од „Автокоманда“ велат дека првиот пикер во составот на Лино Червар синоќа на само две минути пред крајот на натпреварот заработил повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото и за него сезоната можеби е завршена. На Црногорецот вечерва ќе у бидат извршени детални медицински прегледи по што ќе биде утврдена и сериозноста на повредата и дали тој воопшто ќе се врати на терените сезонава.
 
Вториот пикер во тимот, Ванчо Димовски, пред почетокот на Европското првенство во Србија имаше операција по скршеницата на стапалото и сè уште не е во можност да одговори на задачите цел натпревар. Раководството на Металург сега е во потрага по ново решение на пикерската позиција, но сè уште не се шпекулира со имиња на нови ракометари. Металург веќе в сабота има исклучително тежок меч во рамките на Лигата на шампионите, кога му гостува на словенечкиот тим Копер.
 
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
100%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

наша препорака

Фудбалер на неделата

Фоторепортажа

Видеопотсетник