Денеска на социјалните мрежи на Интернет почна да циркулира еден интересен мејл, што бил испратен до најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Четворица негови сограѓани, кои не се големи вљубеници во тенисот, имаат желба да го нагостат кај нив во „маало“ во Борча. Читајте и смејте се.
Писмо до Ноле
Здраво друже (се надевам дека ова ќе го чита Ноле). Што има? Ние искрено не сме луди по тенисот, дури не ни знаеме каде е „Вимблдон“, но те бодриме бидејќи си наш, Србин, и никогаш не пропуштаме прилика да се напиеме кога играш финале! Да преминеме на главното.
Ние сме борчанци, веројатно си слушнал за таа групација. Ти не можеш да замислиш колку бевме среќни кога во Борча се отворија тениски терени, конечно можевме да се испробаме во овој господски спорт, НО... ние немаме пари за рекети, ниту за термини, а ни за патики за тенис, а и за останатата потребна опрема, а и оној што нè вози на тенис секогаш ни бара 300 динари за бензин, од каде брату мој?! Да ја скратиме приказната...
Ние не се јавуваме поради пари, туку имаме желба да те угостиме во Борча. Разбираме дека Монте Карло, Ибица, Мелбурн, Алпите и Стоунхенџ се кул места, но додека не дојдеш во Борча не си направил ништо, па макар освоил уште 100 од тие вашите „Вимблдони“. Кога ќе доаѓаш, ти само треба да се најавиш. Ако доаѓаш од плоштад, тука фати 96-ка (градски автобус) или 43-ка, ако се симнеш кај БИП и потоа чекаш 95-ка или 96-ка. Шибаш до последна станица, ако не знаеш прашај го возачот. Ние би дошле по тебе, но овој пак ќе ни бара 300 динари за бензин. Штом се симнеш од автобус, пред тебе ќе биде продавницата „Дуле“, па земи пиво и вињак (семки, ако си при пари). Ние ќе ти дадеме пари потоа, бидејќи Миле не ни дава пиво на нас затоа што должиме 36 шишиња.
Се надеваме дека ќе добиеме одговор, однапред ти се заблагодаруваме.
xxxxxx - Пуле
xxxxxx - Џони
xxxxxx - Перхан
xxxxxx - Влада
П.С. Донеси и некој рекет (четири по можност). Многу да го поздравиш Налбандијан и ако може нека
дојде и тој.
Срдечно, борчанци.